Лидерот на Сојузот на Ромите, Амди Бајрам го замени американскиот претседател Доналд Трамп на самитот Г-7 во Канада, откако Американецот поради несогласувања напушти еден од состаноците на самитот.
Се разбира, станува збор за шега, инспирирана од најновата монтажа на Александар Дојранлиев којашто тој ја објави на неговиот Фејсбук профил.
На историската фотографија на Ангела Меркел каде таа стои над американскиот претседател кој седи со скрстени раце, Дојранлиев направи фотомонтажа, па на местото на Трамп го постави Амди Бајрам.