Независноста и самостојноста на уредниците и новинарите мора да биде гарантирана потенцира Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги по вчерашната оставка на главниот и одговорен уредник Бранко Героски од весникот „Слободен печат“.
„Тргнувајќи од својата обврска да ја поттикнува слободата на изразување, Агенцијата потсетува дека согласно Законот за медиуми, издавачот е самостоен во уредувачката политика, но истовремено и уредникот е самостоен во својата работа и ја носи одговорноста за објавените информации“, се наведува во соопштението на Агенцијата.