Амбасадор пробал да украде книга, па е отповикан

Седумдесет и шест годишниот дипломат од кариера ќе биде предмет на истрага од етичката комисија при Министерството за надворешни работи.

1004

Мексико го отповика својот амбасадор во Аргентина откако се појави видео снимка која наводно покажува дека тој се обидел да украде книга од една книжарница во Буенос Аирес.

На амбасадорот Оскар Рикардо Валеро Ресио Бекера му е „наложено да се врати дома“, истакна мексиканскиот секретар за надворешни работи Марсело Ебрард.

Седумдесет и шест годишниот дипломат од кариера ќе биде предмет на истрага од етичката комисија при Министерството за надворешни работи.

– Доколку се утврди дека амбасадорот ја украл книгата, тој ќе добие отказ – изјави Ебрард, укажувајќи на „нулта толеранција за нечесно однесување“.

По овој повод се огласи и мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор, кој смета дека инцидентот „е за жалење“, но предупреди да не се носат прерано заклучоци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...