Амбасадорот Тимоние ќе биде прогласен за почесен граѓанин на Крива Паланка

192
Градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски денеска организираше прием во својот кабинет за францускиот амбасадор Кристијан Тимоние, кој е во посета на Општината по повод „Еуроп раид”, при тоа најави дека Тимоние ќе биде прогласен за почесен граѓанин на Крива Паланка, што ќе се официјализира на свеченоста по повод Денот на ослободувањето на градот – 8 Октомври.
– Изненаден сум и трогнат, особено поради мојата почит кон се она што во вашиот град се прави за негување и почит на француската култура и јазик – рече Тимоние, кој посочи дека веќе бил прогласен за почесен граѓанин и на градот Дион во Грција.
Тој потенцира дека во тек е усогласување на текстот на договорот за соработка на Француската агенција за развој со Владата на Република Северна Македонија. Додаде дека во тек се преговорите и изрази надеж дека наскоро ќе стартува соработката.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...