Амбасадорот Тимоние стана почесен граѓанин на Крива Паланка

87

Кристијан Тимоние, амбасадор на Франција во Македонија е прогласен за почесен граѓанин на Крива Паланка на свечена академија која се одржа вчера во НУ Центар за култура Крива Паланка, по повод Денот на ослободување на градот.

Признанието на амбасадорот Тимоние му беше врачено во знак на благодарност на граѓаните на Крива Паланка за повеќегодишната соработка помеѓу Општината и Амбасадата на Франција и за неговото лично залагање и посветеност во продлабочувањето на оваа соработка.

– Ова признание за мене има тројно значење: меѓународно, билатерално и лично. Интернационално затоа што вашата општина и земја даваат голем придонес во големата Меѓународна организација на франкофонијата, чијашто членка е државата од 2006 година, а тука се промовираат вредностите на човекови права и слободи. Билатерално, бидејќи Франција ја поддржува Република Северна Македонија од независноста до денес на патот кој води до европските и евроатлантските структури, а иницијативите на нашиот претседател Макрон ние ги реализираме како политики и ги спроведуваме на Балканот, за интеграција во ЕУ, за достигнување повисоки стандарди на вашите институции. И на личен план, многу ми значи што имав среќа да бидам амбасадор во убава земја од која се очекуваат чуда, да погледаме кон иднината и да се мобилизираат што повеќе таленти. Посакувам Република Северна Македонија што поскоро да го добие своето место во европското семејство, а јас следниот пат кога ќе дојдам во Крива Паланка, навистина, мои сограѓани, ќе се чувствувам како дома – рече Тимоние.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...