Амбасадорот на Унгарија повикан во МНР

708

Во врска со информациите во јавноста дека поранешниот премиер Никола Груевски пребегал во Будимпешта и побарал азил во Унгарија, денес во Министерството за надворешни работи беше повикан амбасадорот на Република Унгарија во Скопје, Ласло Дукс, на средба кај државниот секретар Виктор Димовски, со цел проверка на информацијата и по дипломатски канали, соопшти МНР.

– Во разговорот беше нагласено, дека на својот европски и евроатлантски пат, Република Македонија е цврсто определена да опстои на вредностите на градење на правната држава, фунционирање на независното судство и борбата против организираниот криминал и корупцијата на сите нивоа, вклучувајќи ги и највисоките, што беше дел и од препораките во експертскиот извештај на Р. Прибе.

По средбата во МНР, потврда за веродостојноста на информацијата е добиена преку Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, стои во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...