Сега е време Македонија да покаже заложба за придржување кон владеењето на правото, пишува американската амбасадорка во Скопје, Кејт Брнс на Твитер, која го сподели статусот на еврокомесарот Јоханес Хан за случајот „Рекет“ и борбата против корупцијата.
„Како што претходно рековме, ова се сериозни обвиненија за кои е потребен сериозен одговор, кој ќе биде темелен, транспарентен и навремен. Сега е време Северна Македонија да покаже заложба за придржување кон владеењето на правото“, напиша амбасадорката на Твитер.