Амбасада на Русија: Велика Британија намерно провоцира со испраќање „апачи” во Естонија

261

Испраќањето на британските хеликоптери во Естонија и приказната за „одвраќање на Русија” е уште една намерна провокација, соопшти синоќа руската амбасада во Лондон.

– Ние внимателно го следиме активното учество на Велика Британија во програмата на НАТО за воено присуство во Источна Европа. Наше мислење е дека поставувањето на нови хеликоптери во Естонија и приказната за „одвраќање на Русија” е уште една намерна провокација. Таквите потези се доказ дека Лондон планира темата „агресивна” Русија да ја одржува во живот за да оствари свои интереси. За тоа се користат сите можни инструменти, а НАТО не е исклучок – се наведува во соопштението на Амбасадата на Русија во Лондон.

Велика Британија најави на 15 април испраќање на пет нови „апачи” хеликоптери во Естонија, во рамки на програмата на НАТО, чија цел е зајакнување на военото присуство долж руската граница.

Британскиот министер за одбрана Гевин Вилијамсон изјави дека официјален Лондон, Русија ја гледа како закана.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...