Амбасадата на САД во Кабул погодена од ракета една минута по полноќ на 11 септември

390

Американската амбасада во Кабул е погодена од ракета една минута по полноќ на 18-годишнината од нападите на 11 септември на Светскиот трговски центар.

Веднаш се слушнало предупредување дека „се случила експлозија во округот на Амбасадата“ само неколку минути по полноќ. Во инцидентот нема повредени.

– Потврдуваме дека се случи експлозија во близина на американската амбасада во Кабул. Американскиот персонал не е директно погоден – изјави официјален претставник на Стејт департментот.

Нападот се случи во момент на зголемени тензии меѓу САД и талибанските бунтовници, кои управуваат со голем дел на Авганистан.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...