Аман, Илија (Димовски), помагај!

3990

Те слушам за рекет збориш, за бизнисмени, за амбасаде, за чуда и потердије. Без идеја да браним било кој апаш у државава (а машала потерало) да те прашам – на што апчиња си бе брат? Кажи одма да идем да земем и да забраем све, гледам и слушам тебе ти успеало (иначе ќе пукнем). Сакам бе брат да забраем ама буквално све, а највише следново.

Како да забраем бе, брат Илија, кој нѐ редеше све медиуми у Собрание, да договараш политичка кампања за избори, да у Собрание брат, и д’н д’нска се мислим дека Мој термин је твоа измислица. Мие збунети не знаемо кеј доктуров кој побргу треба да влезе… А доктурот спремен со дијагноза за свекој поединачно.

Како да забраем кој ми га извади завршната сметка на медиумот од кој доаѓав, и по неа, више пресметано, ми кажа колку попуст треба да ви дадем за да га добием кампањата по системот нема попуст нема кампања, па после излезе дека свите смо ви давале попуст, добровољно.

Веруј дека многу сакам да забраем како не ни плаќавте (ни партиски ни владини кампање) и нѐ праевте дневно несолвентни, па мие плаќавмо пенали по разни основе, за на крај уморени, уништени, полуживи (или полумртви, одлучи сам) да нѐ купите за џабалак.

Како да забраем бе, брат Илија, кој га испратив кеј тебе поранешната пратеничка Карапетрова (не ми е фамилија), со свите папири у кој ни борчевте 50.000 евра и таја по неколку дна ми рече дека немате ниет да платите (да преведем, не мислите да платите).

Како да забраем дека само по неколку месеца дојде еден, од вас испратен(што ќе реч.а тетовчани, овде му неместо) и нѐ купи за пола од борчот?

Како да забраем кој ми се јави пред едни избори и ме праша дали ќе соработуемо (пред  да добием бројче за Собрание) и ја, ка што ме дал господ, те прашав а когај мислите да га платите претходната кампања. И опа, наеднаш ти се појави работа одма, ми прекина и се јави за 5 минути, да ми кажеш дека кампањата не е платена, ама сте биле дарежливи по други основе. Демек владини кампање… Кој исто таќе не ги плаќавте (уствари како кому, мене не, ја бев таргет за елиминација како медиум, и бев елиминиран како медиум).

Па од вас бе, Илија, не можеше до амбасада да се (припари) стигне, па вие бевте бе брат високо организирани. Не можев лично ни на Швајцарци, ни на Норвежани, ни на Американци да им кажем на кој начин ќе украдете нешто у кое нивните даночни обврзници дале паре… Се разбирамо?

Ова бе, брат Илија (а стварно те почитуем и како чуек и како интелект), како се вика?

Ова што сакам да го забраем, а ти гледам успешно си го забраел и сега имаш работа со гонење на организиран криминал, како се вика?

Ова вероватно рекет не се вика?

Види бе, брат Илија, ПРИНЦИП ЈЕ ИСТИ СВЕ СУ ОСТАЛО НИЈАНСЕ. И затоа нема Европа.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...