Амал падна на калдрма пред фотографите ФОТО

Овојпат нејзиниот стајлинг беше засенет од малиот гаф што ѝ се случи на улиците на Њујорк.

2113

Амал Клуни, славната адвокатка и сопруга на Џорџ Клуни, е главна тема на модните магазини секој пат кога ќе се појави во јавноста, благодарение на нејзините елегантни стајлинзи.
Но, овојпат нејзиниот стајлинг беше засенет од малиот гаф што ѝ се случи на улиците на Њујорк.

Амал била сама, без нејзиниот славен сопруг, со кого ја прослави својата петта годишнина од бракот во април, но за среќа, тука се нашол личниот возач кој ѝ притрчал напомош во моментот кога таа паднала.

Убавата Амал носела црвен миди фустан надолу со потпис на модната куќа „Барбери“, додека на нозете носела елегантни сиви чевли од брушена кожа, кои во еден момент ѝ предизвикале проблеми.

Додека одеше по незгодно поплочената улица, Амал во еден момент погрешно згазнала и ја искривила ногата. Напомош ѝ притрчал личен возач на семејството Клуни, кој ѝ подал рака, а таа продолжила како ништо да не се случило, иако папараците сето тоа во истиот момент го забележале.

amal-kluni-rechisi-padna-na-kaldrma-vo-njujork-foto-04.jpg

FOTO: Instagram/Printskrin

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...