Тие ја направија Велика Британија нивен дом откако стапија во брак во 2014 година.
Па така, Амал (41) и Џорџ Клуни (57) беа почесни гости во чест на принцот Чарлс кој беше домаќин на гала вечерата на Меѓународниот фонд во Бакингемската палата.
Адвокатката за човекови права Амал ги засени сите облечена во долга, бела тоалета во придружба на нејзиниот сопруг, холивудскиот актер, заедно со други донатори, поддржувачи и амбасадори на „Принц-траст интернационал”.
Меѓу гостите од шоу-бизнисот беа и актерите Џош Харнет и Бенедикт Камбербач, познат по улогата на Шерлок Холмс.
ФОТО: ЕПА