„Амазон“ забрани продажба на милион производи поради лаги за коронавирусот

118

Амазон објави дека забранил продажба на милион производи во последните неколку недели поради лажни тврдења за лекување на коронавирусна болест или за заштита од инфекција.

Амазон е под лупа заради производи што се продаваат на неговата платформа, со тврдење дека нудат сигурна заштита од инфекцијата.

Италијанските власти поднесоа кривична пријава против трговците кои ги измамиле клиентите со таквите тврдења, продавајќи заштитни маски и средства за дезинфекција по енормно високи цени. Голем број луѓе почнаа со купување заштитни маски на интернет и тоа по нереални цени. Цената на зашптитна маска на интернет се зголеми од еден евроцент на 10 евра, а литар дезинфекциско средство од осум евра во минатата недела на 30 во вторникот. На Амазон е утврдено дека пакет од 10 заштитни маски се продава за 128 долари иако до неодамна таа цена беше 41,2 долари.
– Амазон нема да толерира нереално високи цени, нагласува во соопштение портпаролка на компанијата.

Таа се повика на политиката на компанијата дека информациите за производот мора да бидат точни и истакна дека Амазон може да отстрани понуди доколку се утврди дека ја нарушуваат довербата на клиентите.

Ова исто така важи и за цените „значително повисоки од она што се бараше за одредени производи во претходниот период, на или надвор од Амазон“, додаде таа.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...