Ал Шабаб во хотел во сомалискиот град Кисмај уби 26 луѓе

Припадници на групата Ал Шабаб, која е поврзана со Ал Каеда, упаднале во хотелот по експлозијата на автомобил-бомба пред објектот, каде што се одржувал митинг на локални старешини и пратеници за претстојните регионални избори.

119
ФОТО: МИА

Сомалиските безбедносни сили ја завршија операцијата со која е ставен крај на нападот што го изврши синоќа екстремистичката исламистичка организација Ал Шабаб врз хотел во пристанишниот град Кисмај.

Според најновите податоци во нападот се убиени 26 лица. Меѓу жртвите се наоѓаат државјани на Кенија, САД, Танзанија и Велика Британија, а настрадал и претседателски кандидат на претстојните избори.

– Многу луѓе се спасени. Убиени се четворица напаѓачи – изјави сомалискиот полициски претставник, мајор Мохамед Абди, нагласувајќи дека операцијата е завршена.

Припадници на групата Ал Шабаб, која е поврзана со Ал Каеда, упаднале во хотелот по експлозијата на автомобил-бомба пред објектот, каде што се одржувал митинг на локални старешини и пратеници за претстојните регионални избори.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...