„Алфите“ спасија давеник во Вардар

433

Двајца припадници на специјалната единица „Алфи“, претпладнево спасија возрасен маж од водите на Вардар во Скопје.

Близу, Камениот мост мажот околу 10 часот бил забележан во Вардар  и била известена полицијата, а водите го повлекоа до пред зградата на Министерството за надворешни работи.

Двајца припадници на „Алфите“ влегоа за да му помогнат, а според информациите на МИА од терен, мажот давал отпор, не сакал да излезе и рекол дека сакал да се самоубие.

Давеникот, беше изваден од водите на Вардар, без да биде повреден.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...