Алфите одбележаа 14 години постоење ГАЛЕРИЈА ВИДЕО

274

Припадниците на Единицата за прв одговор и интервенција-Алфа денеска во Центарот за обука во Идризово изведоа тактичко показна вежба и ја демонстрираа својата подготвеност за справување со различни видови предизвици. Денеска беа одбележани 14 години од функционирањето на оваа единица.

– Денес практично е незамисливо функционирањето на Секторот за внатрешни работи Скопје, како најспецифична и најсложена по обем и задачи организациона единица, без присуството на единицата Алфа во етаблираниот полициски концепт на работа на подрачјето на нашиот главен град.  Всушност сето она што ја одликува и карактеризира работата на полициски службеник е обединето во секојдневието на „алфите“ – предизвиците, високиот професионализам и стручна подготвеност, нужната законитост во постапувањето. Како една од суштинските алки во системот на оперативно полициско работење единицата Алфа треба и мора да продолжи со натамошна професионална надградба и развој во сите нејзини аспекти на работење. Тоа прашање е важно, незаобиколно, и високо во приоритетите на актуелното раководство на Министерството за внатрешни работи- рече министерот Оливер Спасовски во своето обраќање пред припадниците на единицата Алфа.

Министерот Спасовски им посака на полициските службеници успех на професионален и на личен план, со уверување дека “алфите“ и во годините пред нас ќе постигнуваат резултати во интерес на полициската служба и на граѓаните, чии што сервис е полицијата.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...