Алтернатива: Евроатлантскиот пат е загарантиран ВИДЕО

200

Од информациите кои ни пристигнуваат од локалните штабови на Алтернатива, претседателските избори, како во првиот, така и во вториот круг, беа коректни, праведни и не се забележани инциденти, кои можеа да му наштетат на кредибилноста на изборниот процес, изјави Африм Гаши претседател на Алтернатива.

– Државата, овој пат, го положи испитот на демократската зрелост, а овој процес беше еден вид потврда дека оваа влада има капацитети да организира праведни и уредни избори, за кои веруваме дека ќе бидат вреднувани и од релевантните меѓународни институции и ова ќе се валоризира и во одредување на датумот за отворање на преговорите за членство во ЕУ. Овие избори потврдија дека мнозинството на нашите граѓани се за западните вредности и за евро-атлантската интеграција на земјата. Дури и излезноста на овие избори, постигнувањето на потребниот цензус и изборот на кандидатот што гарантира стабилност, интеграција и просперитет, е уште една потврда за нашата стратешка определба – рече Гаши.

Тој додаде дека му ја честитаат победата на кандидатот Стево Пендаровски. и дека неговата победа е најдобар показател на ниванта партиска определба, но и за тоа дека Албанците во Северна Македонија се елементот кој ја одредува стратешката иднина на земјата.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...