Ги повикуваме сите граѓани, а особено нашите приврзаници, во недела заедно со нивните семејства да излезат на гласање и да гласаат за опцијата која гарантира интеграција во НАТО и ЕУ и која е против враќањето назад во антизападните агенди. Гласајќи за Стево Пендаровски, ние практично потврдуваме на која страна сме и каква иднина им обезбедуваме на нашите поколенија, соопшти Алтернатива.
– Како што истакнавме и во кампањата, ние сме искрени со нашите гласачи и не сакаме да играме со двојни стандарди. Затоа, свесни дека ниту еден кандидат Албанец не може да помине во вториот круг и свесни дека не треба да се дозволи повторување на грешките од минатото, кои може сериозно да и наштетат на евро-атлантската иднина на земјата, ние од првиот круг бевме транспарентни со нашиот гласач и тоа се потврди со гласовите кои кандидатот Пендаровски ги освои во бастионите на Алтернатива – велат од Алтернатива и додаваат дека во недела сите локални штабови ќе бидат отворени и сите ќе бидат активни за постигнување не потребниот цензус и за да потврдат дека албанскиот глас е одлучувачки за одредување на иднината на Северна Македонија.