Премиерот Зоран Заев направил список со повеќе од 15 имиња кои ќе бидат сменети со најавуваната „метла“, а во него има потпретседател на партијата, министри, пратеници, градоначалници, директори и други функционери, објави Алсат-М, повикувајќи се на извори на СДСМ.
Неофицијално, според телевизијата, Министерството за правда ќе се трампа со Министерството за образование, односно министерката за правда Рената Дескоска ќе се врати во Министерството за образование, а со Министерството за правда ќе раководи ДУИ.
Меѓу ресорите каде може да има промени се и Министерството за информатичко општество, за земјоделство, но и во здравство.
Според Алсат-М, промени се очекуваат и во МНР, затоа што министерот Никола Димитров бара да замине од министерската фотелја.