Алпинистот Георги Петков ја загуби битката со Монт Еверест

63-годишниот планинар колабирал пред Кампот три на непалската страна од врвот, на надморска височина од 7.200 метри.

2444

Георги Петков алпинист од Гевгелија почина од срцев удар во обид да ја искачи последната етапа до врвот на Монт Еверест, објави порталот Skimacedonia mk.

63-годишниот планинар колабирал пред Кампот три на непалската страна од врвот, на надморска височина од 7.200 метри.

„Нашиот тим во базниот камп ја потврдува неговата смрт“, изјавил организаторот на експедицијата Исвари Пудел од Хималајските водичи на Непал.

Локалните медиуми известуваат дека македонскиот алпинист е четврт смртен случај во оваа пролетна сезона на искачување на Хималаите.

За време на пролетната планинарска сезона од април до мај, на врвот на Еверест се искачиле околу 400 луѓе.

Петков беше дел од експедицја под искусно водство на британецот Тим Мосдејл.

Од страна на шерпасите се прават напори телото да се пренесе на пониските кампови.

Доктор Петков се надеваше да го оствари најголемиот сон на секој алпинист, да го искачи Монт Еверест, ќе бeше првиот гевгеличанец и шестиот Македонец кој го освоил.

Петков беше долгогодишен планинар и член на планинарското друштво Кожуф од Гевгелија.

Во Непал се наоѓаат осум од четиринаесетте највисоки врвови на светот, а странските планинари што се собираат на падините се голем извор на приходи за сиромашната земја.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...