Алпинистите на Единицата за специјални задачи вежбаа пред Нухиу и Тимоние (ГАЛЕРИЈА)

151

Заменик министерот за внатрешни работи Агим Нухиу и францускиот амбасадор Кристијан Тимоние денеска присуствуваа на завршната вежба на припадниците на алпинистичкиот тим на Единицата за специјални задачи – Техники на интервенција со употреба на јаже во урбани и природни средини.

Обуката, како дел од билатералната техничка соработка меѓу министерствата за внатрешни работи од двете држави се реализира во периодот од 24 јуни до 5-ти јули 2019 година, како втор модул што го следеа 17 припадници на оваа единица и тоа осум од напредно ниво и девет од основно ниво.

МВР денеска соопшти дека обуката и оваа година, како и минатата, ја реализираат обучувачи од CNEAS – Националниот центар за обука, алпинизам и скијање во Шамони, кој припаѓа на ЦРС службите (Републички компании за безбедност) Жером Дардулија и Алексадар Пулак. За поуспешна реализација на нивните активности, се подвлекува, придонесоа донациите во опрема на Француската амбасада во Скопје, како и донациите на Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...