Една од ѕвездите на Челзи, Маркос Алонсо, беше казнет за следните три натпревари на „сините“, откако комисија при Фудбалската Асоцијација на Англија разгледа видео материјал на инцидент од саботниот натпревар нагости против Саутемптон (2:3).
Предметната ситуација се разигра во 43-тата минута, кога шпанскиот дефанзивец направи многу груб прекршок против Шејн Лонг од тимот на „светците“. Судијата на средбата, Мајк Дин не досуди ништо, а тоа е и причината поради која дојде до интервенција на фудбалската централа.
Средбите кои Алонсо ќе ги пропушти се полуфиналето за Купот на Англија исто против Саутемптон, и натпреварите од Премиер лигата против Барнли и Свонси.