Премиерлигашот Њукасл го објави трансферот на играчот од средниот ред Мигел Алмир од американската Атланта за 21 милион фунти, што е нов клупски рекорд. Договорот со 24-годишниот Парагваец е со важност до јуни 2024 година.
За потсетување, претходниот трансфер рекорд во Њукасл беше поставен во 2005 година, кога клубот му плати на Реал Мадрид 16 милиони фунти за Мајкл Овен.
Алмирон во сезоната 2018 одигра 37 натпревари и постигна 13 гола во американската МЛС. Тој има 14 настапи за националниот тим на Парагвај.