Али Ахмети денеска ќе сведочи за петкратното убиство кај Смиљковското езеро

67
ФОТО: EPA / VALDRIN XHEMAJ

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети и обвинителот Џелал Бајрами, ќе сведочат денеска за петкратното убиство кај Смиљковското езеро во предметот „Монструм”.

Ахмети, се споменува во смс комуникација со Бајрами, непосредно по убиството, што е дополнителен доказен материјал во судскиот процес.

„Претседателе нема многу силни докази, ама убиството го извршиле професионалци. На премиерот му реков дека кај нас не се памети вакво нешто, бидејќи ако намерата им била да направат дестабилизација поинаку ќе постапеле. Ми наликува како сцена од времето на Југославија”, ова му го пишува обвинителот на Ахмети на прашањето до каде е работата со истрагата за петкратното убиство.

Потоа, Ахмети прашува дали има биолошки траги, а Бајрами му одговара дека има, но не одговараат на оние лица кои биле испрашувани во тој период.

Според адвокатот на дел од обвинетите Асмир Алиспахич, како што претходно објави МИА, сведочењето на вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, сè уште не е потврдено поради службено патување.

На последното рочиште за петкратното убиство во Смилковското Езеро, на 12 април 2012 година, сведочеа поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и тогашниот директор на Бирото за јавна безбедност, Љупчо Тодоровски, познат по прекарот Радник.

За овој случај треба да сведочи и Синиша Алексовски, советникот за безбедност во кабинетот на поранешниот претседател Ѓорге Иванов.

Тој исказ во судот треба да даде на 27 февруари.

ФОТО: EPA / VALDRIN XHEMAJ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...