Алијанса: Ќе гласаме за ратификација и ќе заокружиме „ДА“ на референдум

320

Новиот предлог за името на државата ,,Република Северна Македонија” кој што дојде како резултат на преговорите меѓу Македонија и Грција преставува позитивен момент во изнаоѓање на трајно решение за името во спорот меѓу двете соседни земји и го отвара патот за ЕУ и НАТО интеграциите, велат од поранешниот партнер во Владата на Зоран Заев, а сега опозиција, Алијансата на Албанците.

Оттаму велат дека веруваат дека „Северна“ е прифатлива за сите и не го уценува мултиетничкиот карактер на државата за разлика од „Илинденска“ која, посочуваат, содржеше историски и религиозни елементи.

„Алијансата за Албанците во принцип го прифаќа предлогот и е подготвена да го даде својот придонес во Собрание за ратификација на договорот. Исто така АА е подготвена да му каже ,,Да” на Референдумот, инструмент преку кој граѓаните ќе го кажат својот конечен став“ посочуваат од партијата.

Овој е првичниот став на Алијансата во однос на предлогот за името на државата, додека за деталите кој што ги содржува договорот, најавуваат оттаму, ќе се изјаснат откако ќе го имаат предлог-договорот во раце, предлог кој што треба да го реши и прашањето на националниот идентитет.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...