Алијансата за Албанците ја поздравува одлуката на Обвинителството да го расветли и до крај да го истражи случајот „Рекет” носејќи ги на обвинителска клупа сите инволвирани во случајот вклучувајќи ја и Катица Јанева, соопшти АА.
-Апелираме до надлежните правни институции да ги истражат сите случаи во кој се инволвирани функционери на ДУИ, почнувајќи од случајот „Маѓар телеком”, „Титаник 3″ „Пациент” како и случајот со злоупотреби во Пензиско-инвалидскиот Фонд. Ако сакаме да имаме целосна правда, таа не треба да биде селективна и да важи само за еден дел од режимот, туку треба да биде бескомпромисно и да ги опфати сите без исклучок, соопшти Алијанса за Албанците.