Алијанса на Албанците: Институцијата претседател да дише во духот на етничката реалност

649

Алијансата за Албанците им заблагодари на граѓаните кои го изразиле нивниот суверенитет и на Стево Пендаровски му ја честита победата  на претседателските избори.

Од Алијансата истакнаа дека демократијата е волја на мнозинството во рацете на граѓаните, како што бил, велат, вчерашниот избор на претседателот на државата.

„Им честитаме на сите граѓани кои изразија суверенитет, секој на свој начин и своја форма. На крајот на краиштата, ова е демократија. На Пендаровски му го честитаме изборот за претседател на РСМ. Би сакале оваа институција да почне да дише во духот на етничката реалност на РСМ и да завршат еднаш и засекогаш досегашни практики“, се наведува во соопштението од партијата на Зијадин Села.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...