ИВЗ е институција со огромна духовна вредност за илјадници муслимански верници и како таква треба да биде автономна. За жал, политиката продолжува да ги пика рацете во оваа институција и да има влијание врз оваа Заедница, соопшти Алијансата за Албанците и изрази загриженост за последните случувања.
– Поглаварот на ИВЗ со своја уста потврди дека подолго време бил инструментализиран од политиката и како таков не заслужува да ја врши и понатаму неговата должност. Од друга страна, судската одлука помеѓу двата изборни циклуса, отвора сомнежи дека повторно целта е инструментализацијата на оваа институција за политички цели. Инсистираме случајот да се разјасни и јавноста правилно да се информира. Ве потсетуваме дека Исламската верска заедница е институција која му припаѓа на народот и не е алатка на партиите за политички цели – велат од Алијансата и се надевааат дека оваа институција ќе смогне сили да ги направи неопходните промени, без да стане инструмент на темна стратегија на било која политичка партија која се обидува да го „командува и Бога”!