Заканата по живот на генералниот секретар на Алијансата за Албанците и градоначалник на општина Гостивар, Арбен Таравари и неговото семејство, од партискиот милитант на ДУИ Хебиб Фејзули, со дебело криминално досие, претставува напад врз политичкиот субјект Алијансата за Албанците, граѓаните на Гостивар и на пошироката јавност, соопшти Алијансата за Албанците.
– Овој срамен чин, заканата по живот, ја покажува темната страна на ДУИ и нивните партиски експоненти, кои заштитени од законот, си дават право да дејствуваат како локални шерифи, и да одат толку далеку дури со јавно заканување кон градоначалник, избран од страна на легитимните гласови на своите граѓани.
Овој вандалски чин на милитантите на ДУИ со познато криминално досие, е продолжување на различни политички опструкции кон Општина Гостивар од страна на СДСМ и ДУИ, откако ги одзедоа ингеренциите во образование, откако ги именуваа старо новите директори до блокирање на буџетот на општината.
Време е милитантите на ДУИ во Гостивар да ја прифатат новата реалност во Гостивар. Гостиварци ја осудија политиката на ДУИ, токму поради ваквите криминалци и „шерифи”, кои биле недопирливи пред законот и полицијата.
Ја повикуваме полицијата и обвинителството, како и сите други релевантни институции, што е можно поскоро да преземат конкретни мерки против насилниците и истите да се појават пред лицето на правдата и да ја добијат казната што ја заслужуваат, овозможувајќи му на градоначалникот на Гостивар и на новото општинско раководство да ја вршат својата работа и да ги исполнат ветувањата дадени пред граѓаните на Гостивар, стои во соопштението.