Од Алијансата велат дека на конкурсот за вработување за вкупно пет работни места, вработени се тројца од македонска националност, еден Албанец и еден Ром.
„Државен советник за лекторирање – од македонска националност. Државен советник за владина соработка и односи со јавност – од македонска националност. Раководител на одделот за соработка со Владата на Република Северна Македонија, Сектор за поддршка на директорот – македонска националност. Раководител на одделот за лекторирање, Сектор за превод и лекторирање – Албанец. Соработник за мониторинг, промовирање и заштита на употребата на јазикот, Сектор за планирање, координација и развој – од ромска националност“, соопшти АА.