Алијанса за Албанците: Никој не го гони Мухамед Зекири за споделување „бомби“

451

Сега веќе се знае дека во РСМ има два вида правда, поточно неправда. Првата е кога станува збор за судење на обичен Албанец и за жал има стотици вакви случаи кога Албанците се судени, осудени и задржани во затвор за дела што никогаш не ги сториле. И втората е еднострана „правда“ со која играат разни игри, само за да се спасат корумпираните политичари кои ја крадат државата и ја втурнаа истата во долгови кои ја загрозуваат иднината на нашата земја, реагира Алијанса за Албанците.

– Конкретен случај е кривична постапка поднесена против Љуљзим Алити, член на Алијансата за Албанците, кој е обвинет за споделување на прислушуваните материјали познати како „бомби“, бидејќи се смета за кривично дело. На ист начин постапи и потпретседателот на СДСМ, Мухамет Зекири, кој на својот фејсбук профил објави материјал од прислушуваните разговори на поранешниот министер Блерим Беџети, но против него никој не покрена кривична постапка – велат од Алијансата.

Партијата бара правосудните тела да ги третираат граѓаните на ист начин без разлика дали се на власт или во опозиција, Македонци или Албанци..

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...