Алијансата за Албанците силно ја поддржува интеграцијата на земјата во НАТО и во ЕУ, давајќи свои политички аргументи, оневозможувајќи да управува со земјата минатата власт која повеќе од една деценија ги блокираше интегративните процеси на земјата, порача Алијансата.
– Заслугите на целиот овој политички процес „ЗА“ НАТО и ЕУ им припаѓаат на граѓаните и на политички совесните, некорумпираните и неинкриминираните политичари кои не потклекнаа на деструктивните процеси, кои долго време ја изолираа земјата од државите на ЕУ и САД. Алијансата за Албанците, донесе политичка одлука дека референдумот од 30 септември, масовно да биде поддржан од страна на целото нејзино членство, повикувајќи ги и неопределените албански гласачи, референдумот да го поддржат без никаква дилема, дотолку повеќе, кога позитивен референдум ќе отвори многу политички можности за целосно остварување на правата на Албанците како државотворен народ во Македонија – велат од Алијансата.