Алијанса за Албанците за бегството: Институциите потклекнуваат пред криминалците

455

Алијансата за Албанците жестоко реагираше за бегството на Никола Војминовски, кој е осуден на 13 години затвор за обид за убиство на Зијадин Села на „крвавиот четврток“ и нагласуваат дека Македонија е земја на чудата.

„Државните институции и МВР потклекнуваат пред криминалците и корумпираните! Овие бегства, координирани и поддржани од страна на власта СДСМ-ДУИ со помош на МВР и политизираните судови, по Законот за амнестија и бегството на Груевски, ја убиваат и последната надеж во Македонија, дека некогаш ќе може да се врати правдата, и дека криминалот во Македонија не се санкционира, туку честопати се охрабрувана, па дури и се наградува“, се наведува во соопштението.

Од Алијансата велат дека неодамнешното бегство на Никола Војминовски и амнестијата на другите осуденици за 27 април, покажува дека затворите се изградени „само за Албанците, и осудените Македонци или треба да избегаат или да се амнестираат“.

Партијата на Села апелира до Владата, Министерство за внатрешни работи, судовите и обвинителството да ја вршат својата работа во согласност со законот, да ги санкционираат сторителите на кривични дела, или во спротивно ќе се сметаат како соработници во криминалот и ќе сносат морална и кривична одговорност.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...