Младите од Алијансата за Албанците го обвинија денеска премиерот Зоран Заев за спречување на работата на локалната власт и нејзиниот градоначалник, Арбен Таравари.
Тие организираа протест на еден од кружните текови во Гостивар каде што поставија столбчиња со пароли со кои го обвинуваат премиерот за застојот на работата на општина Гостивар.
Малку подоцна поставените плакати се отстранети од органите на редот.
Заев денеска присуствуваше на граѓанска трибина во Гостивар.
Инаку на трибината организирана со активисти на СДСМ, премиерот Зоран Заев покрај другото говореше и за концептот отворено општество за сите.