Алијанса за Албанците: Веднаш да се разреши вицепремиерот Османи

175

Алијансата за Албанците го поздравува вчерашното соопштение на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за нов бран обвиненија во случаи на злоупотреби откриени од скандалот со прислушувањето.  За посебно поздравување е  обвинението против вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, со кое се означува отворањето на првиот значаен случај против функционер на Демократската унија за интеграција (ДУИ), наведуваат од партијата на Зијадин Села.

„Алијансата за Албанците го повикува премиерот Заев, веднаш да го разреши Бујар Османи со оглед на сериозноста на покренатите обвиненија против него за злоупотреба на државни пари во 2010 година, додека беше министер за здравство. По овој обвинителен акт, Бујар Османи нема морален легитимитет да ја води агендата за европски интеграции, ниту стратегијата на владата за спроведување на приоритетите на итни реформи за ЕУ кои произлегуваат од Пржинскиот договор, кои во главно се однесуваат на реформите во секторот за правда и борбата против корупција“, наведуваат во соопштението, во кое наместо отворена истрага и осомничен, пишува дека е покренато обвинение.

Покрај тоа, наведуваат од партијата на Села, неговото понатамошно вршење на функцијата сериозно би и наштетил на независноста на судството, имајќи го предвид високото ниво на политичко мешање во судството, наведени и во сите неодамнешни независни проценки од страна на Европската комисија и Европскиот парламент.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...