За кршење на законот и поттикнување говор на омраза од страна на техничката министерка за труд и социјална политика треба да резултира со нејзино разрешување од функцијата министер, бара Алијансата за Албанците.
– Нејзиното однесување е непристојно и навредливо, така што за таквото однесување треба да сноси одговорност. Зборот министер значи слуга и со оглед на тоа што секој министер доаѓа во таа позиција да му служи на народот, истиот мора да се однесува согласно обврската што ја преземаат од моментот на нивното назначување.
Потсетуваме дека албанскиот јазик е јазик чија употреба е загарантирана со закон и устав, кој јазик исто така го зборуваат повеќе од 1/3 од вкупното население во земјата со домородни и историски права.
Алијанса за Албанците остро реагира на однесувањето на техничката министерка која директно го крши законот, додека од друга страна е подготвена да ја плати казната со парите на министерството, заборавајќи дека буџетот на тоа министерство го исполнуваат албанските даночни обврзници чиј јазик министерката се обидува да го негира – вели во реакцијата Алијансата.