Алијанса за Албанците бара итно да се расчисти случајот „Рекет“ и да се прошири истрагата

Алијансата за Албанците уште еднаш го повтори барањето за ,,Обвинител од ЕУ" како решение за излез од ќорсокакот во кој е најден нашиот правосуден систем.

200

Алијансата за Албанците бара итно да се преземат сите законски мерки за да се расчисти целосно случајот „Рекет“ и да се прошири истрагата. Ова го побара партијата откако денеска беа објавени снимки од страна на италијанскиот портал „Ла Верита“.

– Истовремено бараме да се отвораат истраги за сите предмети кој што се во предистражна постапка, како што е предметот „Пациент” и други. Случајот „Рекет” е доволен доказ дека сите тие случаи се пропаднати поради рекет додека видео-матерјалот кој што е објавен денес го потврдува тоа.

Алијансата за Албанците уште еднаш го повтори барањето за ,,Обвинител од ЕУ” како решение за излез од ќорсокакот во кој е најден нашиот правосуден систем.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...