Алијанса за Албанците: Алфите кои го повредија детето да одговараат

313

Алијансата за Албанците од Куманово остро реагира и ја осудува денешната несреќа во која автомобил сопственост на полициската единица Алфи, повреди дете ризикувајќи го неговиот живот и го остави со сериозни повреди, соопшти партијата на Зијадин Села.

– Она што го прави овој случај уште поскандалозен е фактот дека полицијата, освен што повреди едно 5-годишно дете, не застана да му ја пружи неопходната помош на повреденото дете. Ја прашуваме полицајците во Куманово, министерот Оливер Спасовски и заменик министерот на ДУИ, Агим Нухиу, која е нивната и мисијата на полициската единица АЛФИ – безбедноста на граѓаните или заканата на животот на граѓаните – велат од АА.

Алијансата за Албанците – Куманово бара итно да се преземат сите мерки пропишани со закон од страна на надлежните органи за да лицата припадници на полициската единица АЛФИ одговара пред лицето на правдата, бидејќи денеска тие повредија едно 5 годишно дете, но утре може да предизвикаат инциденти кои може да завршат трагично.

– Алијансата за Албанците на малото момче му посакува брзо закрепнување и се надева дека ова ќе биде последен пат што граѓаните се загрозени од страна на институциите и државни службеници кои наместо да ги штитат и да воспостават ред, продолжуваат да го загрозуваат нивниот живот – велат од партијата.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...