Алијанса го обвини Бујар Османи дека барал да се прикрие убиец

515

Алијанса за Албанците бара Јавното обвинителство и судството иино да преземат мерки против функционерите на ДУИ кои се инволвирани во разговорите од „бомбите“ кои ги пушта кичевецот кои живее во Чикаго Ел Чека.  СЈО да ја утврди веродостојноста на прислушуваните материјали и да поведе истрага за функционерите на ДУИ. Партијата на Зијадин Села бара одговор и од премиерот Зоран Заев дали изминативе неколку недели додека се пуштаат бомбите, живее во Македонија.

– Речиси 2-3 недели Албанците ги слушаат прислушуваните разговори – таканаречени бомби, во кои се открива формата и начинот на креирањето политики на ДУИ и на нивниот лидер. Содржината на прислушуваните разговори станува загрижувачка, бидејќи протагонисти се политички лидери избрани на избори и се повикуваат на легитимитет кај Албанците. Значи, не се обични приватни разговори на обични граѓани, туку се разговори помеѓу официјални претставници и политички лидери. Истите функционери на ДУИ, врз основа на прилушкуваните разговори, ги злоупотребиле своите партиски и државни функции, преку влијание врз изборот на судии, обвинители, претседатели на судови, нотари.  Од последните прислушувани разговори се слуша и скандалозниот разговор меѓу лидерот на партијата Али Ахмети и Садула Дураку, кои зборуваат за прикривање на убиец, кој убил невин човек, а тоа од нив го побарал актуелниот вицепремиер за европски интеграции Бујар Османи – рече на прес конференција портпаролот на Алијансата Флакрон Беџети.

Според Беџети, од прислушувањата е чисто како солза дека функционерите на ДУИ вршеле притисок врз функционери за да поднесат оставка, како што бил случајот со ректорот на ДУТ, врз медиуми, полнеле гласачки кутии за ДУИ.

– Ова се индикации и докази дека функционерите на ДУИ го прекршиле законот, и Јавното обвинителство мора да преземе итни мерки. Бидејќи разговорите се од периодот кога на власт беа ВМРО и ДУИ, а дел од нив беа објавени од страна на тогашниот лидер на опозицијата и актуелен премиер Зоран Заев, за нас како Алијансата не е битно кој ги објавува и како тие станаа достапни за јавноста, туку нивната содржина. Народот ќе ги казни со својот глас, а Судовите треба да покренат кривични постапки. Ги повикуваме правните институции, Специјалниот јавно обвинителство, што поскоро да ги разгледаат прилушуваните разговори, да ја утврдат нивната веродостојност, и што е можно поскоро да се отвори истражна постапка за функционери на ДУИ кои го имаат прекршено законот. Албанците во текот на овој период очекуваа дека овие функционери од ДУИ да поднесат оставки од морални причини од нивните партиски и државни позиции и да подлежат на правна постапка. Несфатливо и ненормално е однесувањето и молчењето на власта, поточно молчењето на СДСМ и премиерот Заев, кој е индиферентен кон новите прислушувани разговори, и наместо да создаде можности и услови за гонење на функционерите кои го прекршиле законот, изгледа дека овие недели не живее во државава – вели Беџети.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...