Албанските опозициски партии Алијанса за Албанците и Беса на денешната средба во Собранието со премиерот Зоран Заев и министерката за правда Рената Дескоска изразиле поддршка за опстојување на СЈО како посебен орган во рамки на Јавното обвинителство кое ќе има ефикасни надлежности.
– Генерално од денешната средба е поддршката за СЈО како орган кој ќе има ефикасни надлежности и кој ќе биде посебно обвинителство што всушност е и дел од сегашниот закон. Во делот на начинот на користење на снимките како доказни средства ќе има дополнителни консултации – рече Дескоска по разговорите со Алијансата за Албанците и Беса одржани во насока на обезбедеување двотретинско мнозинство за законот за обвинителство.
На новинарско прашање таа рече дека ги разгледале амандманите што ги поднесе опозциската ВМРО-ДПМНЕ, а таргетираат три групи на прашања: статусот на СЈО, доказите и суските постапки кои во момнетов ги води СЈО и третата се различни прашања во рамки на законот.
– Сите пораки кои ги добиваме од ЕУ покажуваат дека СЈО треба да биде посебно обвинителство во системот на јавно обвинителство, значи не нивно претопување, се пораки кои ги слушаат и претстваниците на ВМРО-ДПМНЕ. Јас очекувам дека и покрај амандманите што денеска ќе ги разгледуваме на попладневната средба, ќе ги имаат предвид и укажувањата што денеска беа повторени и од страна на амбасадаорот на ЕУ, со цел да создадеме решение кое ќе добие позитивна оценка од Брисел, и ќе биде компатибилно со европските препораки. Носење на закон кој ќе задоволи било чии лични интереси не може да биде прифатен – рече министерката Дескоска.
Таа посочи дека во однос на користењето на материјали во законот е направено разликување на предметите кои се покренати во рокот од 18 месеци, а во другиот период аудио-снимките ќе се обработуваат и ќе се користат како докази и ќе се оди на суд.
-Кој било предлог или амандман што е доставен и кој бара затворање на сите предмети после првите 18 месеци е нешто што не може да биде прифатено – рече Дескоска.
Таа очекува согласно укажувањата на ЕУ, овој закон да биде донесен во најкус можен рок бидејќи се затвора извештајот на ЕК за нашата земја.