Алити од ДУИ и сестрата на Јанева предложени за претседателка и заменичка на КХВ

4269

Нора Алити, поранешната пратеничка на ДУИ и ќерка на поранешниот амбасадор на Македонија во Бугарија и лидер на ПДП Абдурахман Алити, да биде претседателка на Комисијата за хартии од вредност, додека сестрата на Катица Јанева, Лиле Делиџакова да стане нејзина заменичка, е предлогот на Владата до Собранието.

Со потпис на премиерот Зоран Заев, до Собранието е испратено барање во кое се предлага Алити и Делиџакова да бидат избрани за претседателка и заменик претседателка во Комисијата за хартии од вредност.

Со предлогот се бара Алити и Делиџакова да бидат професионално ангажирани во Комисијата за хартии од вредност. Во писмото се предлагаат и тројца членови – Зоран Колев, Кирил Јовановски и Душко Гошевски.

Делиџакова е од Гевгелија и поранешна вработена во Царината. Алити од ДУИ има завршено MIB School of management – Осигурување и управување со ризик во финансиски институции и е магистер.

Мандатот им трае пет години со можност за реизбор.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...