Алими: Чистката на Заев треба да почне од ДУИ

1038

Чистката на Заев треба да почне од функционерите на ДУИ – му порача Дервиш Алими, член на претседателството на БЕСА на премиерот.

Тој вечерва беше гостин во „Отворено“ на Алфа.

„Самиот факт што призна дека има неправилности и недоследности во неговата политика, со тоа што признава дека треба да се прават чистки и во неговите редови, најголема чистка што треба да ја направи е да се исчисти од ДУИ, како кочница на реформите, на судските реформи и на сите други што тој ги испорача како ветување пред изборите, ама од кои нема ништо. И од економските ветувања, и самиот факт дека ги изгуби своите во Арачиново, говори за тоа дека тие ветувања му биле празни“, вели Алими.

Според него, Ахмети и ДУИ намерно не излегле со свој претседателски кандидат за да не се соочат со граѓаните кои ја изгубиле довербата во нив.

„Една канализација не им направи на луѓето што беа таму. И нив ги губи како потенцијални гласачи. Најголемата грешка му беше тоа што не ја испочитува волјата на албанските граѓани воопшто, особено во текот на локалните избори. Едноставно ја искриви волјата на албанските гласачи. Од кои причини само тој знае. Едноставно, ако тие сакаат, можат да излезат предизборно како коалиција. Најчесно ќе беше да биде неутрален и ние требаше меѓу себе да се соочиме со волјата на граѓаните“ , вели Алими.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...