Се што сторив на 27 април беше со цел да ги исполнам моите задачи и должности под команда на надредените, рече Абдулфета Алими кој беше дел од собраниското обезбедување, а сега обвинет во случајот за крвавиот четврток.
– Немаше шанси да се направи нешто повеќе од тоа што го направив за да се помогне. Никој друг од обезбедувањето не презеде ништо повеќе од тоа што го сторив јас – рече Алими кој се товари дека не ги чувал вратите за кои дента бил задолжен.
– Вратите од Собрание, поточно десната, потенцираше Алими, беше отворена од моментот кога му ги дадов клучевите на Горан Ѓошевски Леви откако паднаа на подот.
Леви е исто така еден од обвинетите во случајот, а беше шеф на обезбедувањето на Трајко Вељаноски.
Алими рече дека му ги дал клучевите, затоа што Леви му ги побарал, но сепак, смета дека Леви не сакал да ги отвори вратите. И Абдулфета Алими, како и останатите, побара од судечкиот совет да добие ослободителна пресуда.