Алими бара преведувач, неговиот адвокат, да се изземе Јанева од „Титаник 3“

691

Во Кривичнит суд почна судењето по предметот на СЈО „Титаник 3“, во кој обвинети се Ејуп Аљими и Исмет Гури, затоа што како членови на Општинската изборна комисија во Чаир „ уништувале изборен материјал“.

Овој предмет ќе го суди судијата Оља Ристова, а застапници на обвинението се специјалните обвинители Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

Судењето за предметот „Титаник 3“ требаше да почне на 27 април во Кривичниот суд, но тогаш беше одложено заради неприсуството на адвокатот Миланко Еленов.

Адвокатот Еленов, како правен застапник на обвинетиот Гури, на почетокот на денешното рочиште побара изземање на обвинитечката Катица Јанева поради тоа што нејзните застапници, обвинителите Фетаи и Бубевски, се легитимираат со полномошно за застапување во конкретен предмет. Причината за барањето за изземање е затоа што Јанева како граѓанин на Република Македонија и како корисник на буџетски средства може да се смета за оштетена.

Обвинителот Бубевски рече дека барањето е недозволено и предложи да се отфрли. Појасни дека со Законот за СЈО државата предвидела да нема изземање на обвинители со цел да нема вакви обиди за одолговлекување на процесот.

Гури пред судот истакна дека не му треба преведувач, додека Алими побара преведувач од македонски на албански јазик.

По инсистирањата на одбраната и обвинителите да се прифатат нивните аргументи, судијата Ристова даде пауза од 30 минути за донесување на одлука.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...