Алергија кај службеници кои броеле гласови во Косово

1533

Службеници имале алергиска реакција додека ги пребројувале гласовите пристигнати преку пошта од Србија за изборните резултати во Косово. Пребројувањето на гласовите било прекинато, пренесува агенцијата „Анадолија“.

Девет пациентки биле пријавени денеска околу 12 часот на Инфективна клиника, од кои две биле бремени.

Универзитетскиот болнички центар на Косово соопшти дека пациентките тврделе оти штом ги отвориле ковертите од гласачките кутии, почувствувале непријатен мирис.

Се чека извештај од обвинител и полиција, кои излегле на местото на настанот и вршат истрага.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...