Ален Исламовиќ откри дека синоќа вечерал со Буштур

4907

Македонската кошаркарка легенда, Благоја Георгиевски – „Буштур“ пред тешката сообраќајка во која го загуби животот, бил на вечера на која присуствувал и легендарниот босански пејач на „Бјело Дугме“ и „Дивље Јагоде“, Ален Исламовиќ.

„Утринава во сообраќајна несреќа во Скопје загина легендарниот кошаркар Благоја Георгиевски – Буштур. Минатата вечер се дружевме на заедничка вечера. Нека му е вечна слава и големо и искрено сочувство на неговото семејство, пријателите и љубителите на македонската кошарка. Вечно ќе бидеш во нашите срца Благоја“, напиша пејачот на својот Фејсбук профил.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...