Ален Делон доживеал мозочен удар! ФОТО

По итната операција во париската болница, тој бил пренесен на интензивна нега, каде престојувал три недели.

2647

Ален Делон, познатиот француски актер, доживеал мозочен удар пред неколку недели, соопшти неговото семејство.

Делон оперирал хеморагија (крвавење во мозокот) како резултат на мозочниот удар. По итната операција во париската болница, тој бил пренесен на интензивна нега, каде престојувал три недели.

Ентони Делон изјави за АФП дека неговиот татко сега се чувствува добро и дека е под постојан надзор на лекарите во Швајцарија.

– Тој беше опериран во болницата Питие-Салпетриере во Париз, каде по операцијата помина три недели на интензивна нега. Целото семејство беше со него, мајка ми Натали, мојот брат и сестра – изјавил Ентони.

„Виталните функции се во одлична состојба и тој закрепнува на клиниката во Швајцарија. Покрај него е сестра ми, која живее во Швајцарија и секојдневно нè информира за неговиот напредок.“

На средината на јуни, актерот бил примен во болницата поради вртоглавица и мигрена, кои веројатно резултирале со силен мозочен удар.

Делон има 83 години и важи за еден од најголемите француски актери во историјата. Тој глумеше во 80 филмови, а оваа година ја доби наградата за животно дело „Palme d’Or d’honneur“ во Кан.

FOTO: Instagram/Printskrin

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...