Алек Болдвин на 61 година ќе стане татко по шести пат ФОТО

Хиларија во април годинава го загуби бебето, а своето страшно искуство го сподели со светот на социјалните мрежи.

1481

Холивудскиот актер Алек Болдвин на 61 година повторно ќе стане татко, и тоа по шести пат.Неговата сопруга, инструкторката по јога, Хиларија Болдвин (35) ги изненади следбениците на Инстаграм со кратко видео на кое се слуша отчукување на срце, бебешко!

„Уште е рано, но првите месеци ме исцрпеа“, напиша Хиларија и откри дека по петти пат ќе стане мајка.

Хиларија во април годинава го загуби бебето, а своето страшно искуство го сподели со светот на социјалните мрежи. Меѓутоа, храбрата Хилари не се откажа од желбата да стане мајка петти пат.

Хиларија и Алек имаат четири деца, Кармен (6), Рафаела (4), Леонардо (3) и Ромео, кој има само 15 месеци.

Алек има ќерка од бракот со холивудската актерка Ким Бесинџер.

ФОТО: Инстаграм/Принтскрин

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...