Александрова: Не дадовме бланко поддршка на помирувањето

481

Пратеничката Емилија Александрова од независната група на ВМРО – ДПMНЕ по завршување на затворената седница на собраниското тело за помирување изјави дека процесот на помирување и интеграција е условен и дека тие како пратеници не дале бланко поддршка.

– Ние го дадовме нашиот влог на 19 октомври. Очекуваме процесите да добијат на динамика и да се отпочне со нивна имплементација. Ова се условени процеси, не се бланко потписи и затоа ги повикуваме сите учесници, а пред се власта и премиерот Заев да почне уште денеска со својот придонес кон забрзување на овој процес. Сепак, не очекуваат процеси кои нема да бидат лесни за сите, но ние како независни пратеници одлучивме дека треба да застанеме на таа страна на нашата држава и дека во оваа ситуација нема простор за импровизација – рече Александрова, копретседавач на телото за помирување.

Таа потврди дека не постои нацрт закон и оти процесот во моментов е во фаза на изнесување предлози и сугестии за можни решенија во однос на амнестијата. Очекува што е можно побрзо разврска за настаните од 27 април.

Следниот состанок на Координативното тело ќе се одржи во петок, а на состанокот како што кажаа пратеничките ќе биде поканет и премиерот Зоран Заев да ги образложи своите гледишта, а кој веќе изрази желба да учествува во работата на ова тело.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...