Александрова бара пауза, Џафери не дава

1456

Независната пратеничка Емилија Александрова побара 15 минути пауза од собранискиот спикер Талат Џафери со цел да ги свика координаторите на пратеничките групи и да им објасни зошто дел од нив не биле повикани на координациите.

Џафери не дозволи пауза, но рече дека тука, на седницата, ќе објасни за што станува збор.

– За потребите на граѓаните јас дневно сум свикувал и по пет седници една по друга за да се стигнат сите рокови. Јас не сум крив што за еден ден треба да се одржат две седници – рече Џафери.

Тој повторно ѝ даде збор на Александрова, која, пак, рече дека целта не ѝ била да го нападне, но потенцираше дека тој е одговорен за работата на Собранието.

– Не ми беше целта да ве напаѓам, но вие сте претседател на ова Собрание. Во таа насока, само сакам да кажам дека ако постојат дилеми за работењето на парламентот, легитимно е да нè повикате сите координатори на пратеничките групи на координациите затоа што сите ние овде гласаме за нешто. Така ќе беа разрешени сите дилеми и ќе продолжевме со работа – рече Александрова.

Во тек е седницата за донесување на Законот за Јавно обвинителство.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...